Admir Fazlagic
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека се регистрирани 38 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на потврдени случаи со овој вирус се искачи на 2.077, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се потврдени 3 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од овој вирус изнесува 122.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројката на оздравени пациенти е 1.486. Според соопштението на Министерството, во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469.
Во изминатото деноноќие направени се 560 теста на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 27.023 тестирања на овој вирус.
Според одлуката на Владата на Република Северна Македонија донесена на 26 мај, од вчера е укинат полицискиот час, со што целосно престана важењето на одлуката за забрана и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, а од денеска со посебен протокол почнаа со работа угостителските објекти кои имаат отворени простори и тераси.
Потсетуваме, на 15 мај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.