Emel Gözellik
28 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
АНКАРА
Пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) може да биде причина 8,4 милиони луѓе да се соочат со можноста да останат без работа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, претседателот на Националниот совет за економски и социјален развој, Тосапорн Сирисумфанд, изјавил дека пандемијата на Ковид-19 негативно влијаела врз повеќе сектори во земјата, првенствено во полето на туризмот, додавајќи дека е можно во туристичкиот сектор 2,5 милиони луѓе во текот на годината да останат без работа.
Сирисумфанд соопштил дека покрај туризмот, можно е без работа да останат 1,5 милион луѓе во индустријата и 4,4 милиони вработени во останатите сектори, информирајќи дека постои веројатност, вкупно 8,4 милиони луѓе во земјата да останат без работа.
Покрај тоа, Сирисумфанд ја изрази надежта дека благодарение на преземените превентивни мерки и работните места кои повторно се отворени во мај, помал ќе биде бројот на лица што ќе останат без работа.
Пандемијата на Ковид-19 досега е причина за смртта на 57 лица во Тајланд, а 3.065 од тестираните биле позитивни на вирусот.