Furkan Abdula
31 Декември 2021•Ажурирај: 01 Јануари 2022
СКОПЈЕ
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 542 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 225.049, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 7 починати лица од Ковид-19. Со ова, билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.960.
Институтот за јавно здравје регистрира 298 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 211.846.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.243.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 5.990 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.597.512 тестирања.