Admir Fazlagic
09 Ноември 2020•Ажурирај: 10 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 515 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистирани случаи на овој вирус во земјата се искачи на 40.275, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 20 лица од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на починати лица од овој вирус во земјата изнесува 1.156.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.194 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти од овој вирус во земјата изнесува 24.229.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 14.890.
Досега во Северна Македонија се направени вкупно 272.892 тестирања на Ковид -19, од кои 1.293 во последните 24 часа.
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на мерките за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот и од својата Програма за работа и од интерес за граѓаните.
Владата донесе одлука за забрана за собирање во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.