Fuat Kabakcı
10 Ноември 2020•Ажурирај: 11 Ноември 2020
АНКАРА
Во Индија продолжува високата стапка на смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19), а во Кина коронавирусот е под контрола, известува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија објави дека во последните 24 часа од последиците на заразеност со коронавирусот починале уште 448 лица, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи на 127.059.
Во Индија, која има над 1,3 милијарди жители, во последното деноноќие детектирани се 38.073 новозаразени, вкупно 8.591.730 од почетокот на пандемијата, додека оздравеа 7.959.406 заразени.
Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е втора земја во светот според бројот на заразени, а трета според бројката на смртни случаи предизвикани од коронавирусот.
- Кина
Комисијата за национално здравје на Кина соопшти дека во последните 24 часа на основниот континентален дел на Кина детектирани се 22 нови случаи на зараза со Ковид-19, од кои 21 потекнуваат од лица дојдени од странство.
Кина со популација од над 1,4 милијарди жители, во последните 24 часа не објави бројка на смртни случаи предизвикани од коронавирусот, а вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа земја изнесува 86.267.
Од појавата на Ковид-19 досега, во Кина животот го загубија 4.634 заразени, а оздравеа 81.889 паценти што беа носители на коронавирусот.