Furkan Abdula
25 Мај 2020•Ажурирај: 26 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа се потврдени 21 нов случај на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од овој вирус во земјата се искачи на 1.999, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека не се регистрирани нови смртни случаи од Ковид-19, односно вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 113.
Исто така соопштено е дека се регистрирани 17 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројот на оздравени пациенти во земјата се искачи на 1.439.
Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 447.
Во изминатите 24 часа направени се 258 тестирања за Ковид-19, а вкупно досега се спроведени 25.528 тестирања.