Ekipa
22 Септември 2020•Ажурирај: 23 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 88 нови случаи на вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на случаи на овој вирус во земјата се искачи на 16.867, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие од последици предизвикани од Ковид-19 починале пет заразени лица, со што бројката на смртни случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 705.
Институтот за јавно здравје на информира дека се регистрирани 135 оздравени пациенти, со што бројката на оздравени пациенти изнесува 14.084.
Во моментот бројот на активни случаи во Северна Македонија изнесува 2.078.
Во земјата досега направени се вкупно 177.635 тестирања на Ковид -19, од кои 1.618 во последните 24 часа.