Fatjon Cuka,Figen Shaban
04 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
ТИРАНА (АА) - Силен земјотрес погоди неколку градови во Албанија, предизвикувајќи паника кај граѓаните, додека потресите се почувствувани и во Косово и Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според прелиминарните податоци на албанскиот Институт на геонаука, енергетика, вода и животна средина (IGJEU), земјотресот е регистриран со епицентар во Драч, на длабочина од околу 18 километри и со јачина од 5,1 според Рихтер.
По настанатиот земјторес, жителите на албанскиот главен град, Тирана, излегоа од домовите поради стравот од последователни потреси, додека властите во земјата не соопштија материјална штета или повредени лица поради земјотресот.
„Во 11:01 часот, на 04.07.2018, регистриран е земјотрес во Хамалај/Драч со интензитет од шест степени и магнитуда од 5.1 според Рихтеровата скала. Досега нема извештаи за причинета материјална штета или за повредени”, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Албанија.
Општина Тирана упати апел до граѓаните да останат подалеку од објектите се додека ситуацијата да се разјасни од страна на властите.
Од друга страна, земјотрес со епицентар во Албанија, е почуствуван и во Косово и Македонија.
Шефот на Сеизмичкиот центар на Косово, Шемси Мустафа, за АА потврди дека земјотресот бил регистриран во 11:01 часот и траел неколку секунди.
Според него, јачината на земјотресот бил 4,8 степени според Рихтер.
Истиот земјотрес е почувствуван и во Македонија со интензитет од три до четири степени. Земјотресот е почуствуван во Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар со интензитет од четири степени, и со интензитет од три степени во Скопје, Струга и Охрид.