Dzihat Aliju
05 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје започна Меѓународниот конгрес за напредокот во ветеринарните науки и техники, кој оваа година се организира по вторпат, во заедничка соработка со професори од универзитетите „Аднан Мендерес“ и „Аксарај“ од Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
На овој конгрес учествуваат околу 140 професори од повеќе земји, пред сѐ од Турција и од Македонија.
Доц. д-р Илкер Чамкертен, професор на Ветеринарниот факултет при Универзитетот „Аксарај“, во изјава за АА истакна дека за време на конгресот ќе ги претстави студиите на научниците околу општата ветеринарна медицина, третмани, новите настани и новите технологии.
Чамкертен пренесе дека покрај реализирањето на научните активности, имаат за цел преку меѓусебното запознавање на учесниците да се поттикнат иницијативи за нови проекти. Тој додаде дека за време на конгресот ќе бидат претставени околу 250 трудови.
Чамкертен информираше дека Конгресот претходно бил организиран во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.
„Пред три години учествувавме на конгрес организиран од страна на професори кои се занимаваат со науката хемија. Го одбравме тоа место за да се сеќававме на болката што ја доживеа Босна во нашата младост. Сакавме да ги видиме нашите сонародници и во меѓувреме да ги реализираме нашите научни активности. Со доаѓањето во Босна и Херцеговина видовме надгробни споменици на кои беше напишан датумот на смртта меѓу 1992 и 1995 година, а датумите на раѓање беа различни. Бевме длабоко погодени. Ваквите конгреси треба да ги реализираме на овие места. Покрај научните активности, треба одблиску да ја видиме историјата на овие места“, рече тој, истакнувајќи дека наредната година посакуваат конгресот да го одржат во Белград, главниот град на Србија.
Доц. д-р Ѓузин Чамкертен, член на организацискиот одбор, а воедно и професор во Вишата школа за технички науки при Универзитетот „Аксарај“, истакна дека ваквите конгреси, покрај тоа што се реализираат научните студии, имаат за цел да дадат поддршка за братските народи кои живеат во регионот.
„Turkish Airlines“ (Туркиш ерлајнс) е меѓу спонзорите на конгресот. Вториот Меѓународен конгрес за напредокот во ветеринарните науки и техники ќе трае до 8 октомври.