Abdula Berisha
19 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
ТЕТОВО (АА) - Со свечена манифестација, Турската фондација Маариф (ТМВ) во Северна Македонија го одбележа почетокот на учебната 2019/2020 година, јавува Anadolu Agency (AA).
На манифестацијата што се одржа во училиштето на ТМВ во Тетово, покрај студентите и наставниците на Фондацијата Маариф, присуствуваше и амбасадорката на Република Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, министерот за странски инвестиции, Елвин Хасан, заменик министер за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, делегација на ТМВ беше составена од членот на Одборот на директорите, Хасан Ташчи, член на управниот одбор, Мустафа Чалтили, балканскиот координатор, Салих Сагир и директор за Северна Македонија, Мустафа Дилиоглу, Ректор на Универзитетот „Неџметин Ербакан“, Професор Д-р Џем Зорлу, скопскиот муфтија, Ќенан Исмаили, претставници на турските институции во Северна Македонија, дипломати и академици.
Во своето поздравно обраќање, амбасадорката Тулин Еркал Кара посочи дека Фондацијата Маариф функционира со две училишта во Северна Македонија, вклучително и една градинка во Скопје, додавајќи дека во иднина ќе продолжи да се зголемува бројот на училиштата.
Амбасадорката истакна дека постоењето на училиштето во Тетово претставува силен мост на соработка меѓу Турција и нејзините пријателски заедници, притоа не правејќи никаква разлика. „Било да се Албанци, Бошњаци, Торбеши или која и да е друга етничка припадност, ние сме една целина, ние сме еден умет.“
Амбасадорката исто така упати благодарност до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нагласувајќи дека тој е иницијатор на процесот на отворање училишта ширум светот.
„Неговите цели се остварија. Да беше тој тука да го споделевме заедно овој многу убав поглед. Иако можеби не доаѓа често, неговото срце е тука. Неговиот најголем сон и желба е да се отворат училишта во места каде се наоѓаат сонародници и пријателски заедници. Фондацијата Маариф е основана за оваа цел. Да го направиме нашето присуство да се почувствува, да отвориме училишта до тој степен колку што сте вие посветени на учениците и родителите “, рече Кара.
Членот на одборот на директорите на ТМВ, Хасан Ташчи, се заблагодари на компанијата Турксел за значајниот материален придонес даден за инкорпорирање на тетовското училиште во училиштата на Фондацијата Маариф.
Тој рече дека Фондацијата Маариф во краток временски период успеа да биде присутна во над 40 држави низ целиот свет со над 300 училишта и над 30.000 ученици, како што рече тој, насекаде во светот да се подготват виртуозни генерации.
„Би сакал да изразам благодарност до државата Република Турција и до почитуваниот претседател на Република Турција што ни овозможи да го тргнеме овој пат, но исто така и ја испорачуваме нашата голема благодарност до сите државни органи во државите каде што сме присутни, а бидејќи во овој случај сме во Република Северна Македонија, би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на државата на Република Северна Македонија и на почитуваните владини претставници, почитуваниот министер“, рече Ташчи.
Министерот за странски инвестиции, Елвин Хасан, во својот говор ја истакна важноста на присуството на училиштата за ТМВ во Северна Македонија, додавајќи дека е важно да се обезбеди квалитетно и модерно образование.
„Исто така овие инвестиции што ги направи Република Турција кај нас во областа на образованието имаат големо значење во однос на заштитата и култивирањето на јазикот, културата и идентитетот на турската заедница. Овие инвестиции направени во областа на образованието секогаш ќе ги поддржаме и како Влада но и јас лично како министер“, рече Хасан.
Свој говор одржа и претседателот на Управниот одбор на Турксел, Ахмет Акча, кој исто така посака среќна учебна година.
После говорите, програмата продолжи со изведби на песни од ученици на ТМВ. Училиштето ТМВ во Тетово, кое започна минатата година со 300 ученици, годинава опслужува околу 450 ученици.