Bojana Stojanovic
19 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
БЕЛГРАД (AA) - Кинеските полицајци кои патролираат по улиците на Србија им помагаат на српските колеги во комуникација со кинеските државјани кои претстојуваат во земјата, како и во нивната комуникација со државните органи, соопштено е денес од Министерството за внатрешни работи на Србија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Шестмина кинески полициски службеници во заеднички патроли со српските полицајци во Белград, Нови Сад и Смедерево ќе им помагаат на српските полицајци во комуникација со кинеските државјани кои претстојуваат во Србија, како и со своите сонародници во комуникација со нашите државни органи", наведено е во соопштение.
Од Министерството наведоа дека кинеските полицајци нема да применуваат полициски овластувања ниту се опремени со средства за принуда.
Потсетија и дека кинеските полицајци учествуваат во заеднички патроли и во другите земји од регионот и Европската унија (ЕУ), како што и српските полицајци учествуваат во слични патроли во други земји.