İhvan Radoykov
29 Декември 2016•Ажурирај: 30 Декември 2016
СОФИЈА (АА) - Министерот за надворешни работи на Бугарија, Даниел Митов ги негираше тврдењата дека е пронајдено оружје од бугарско производство во Сирија, велејќи дека Бугарија не извезува оружје во Сирија од 2011 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Митов на прес-конференција се осврна на неодамнешните обвинувања дека зад опозициската војска во Алепо е пронајдено оружје од бугарско производство.
Тој изјави дека неговата земја се придржува до меѓународните стандарди кога станува збор за извозот на оружје.
„Бугарија од 2011 година не извезува оружје во Сирија. Русија не е непријателски настроена кон нас“, рече Даниел Митов, министер за надворешни работи на Бугарија.
Бугарската новинарка Дилјана Гајтанџиева го изнесе тврдењето дека на пакувањето на оружјето пронајдено во Алепо се наоѓа логото на бугарската фирма за оружје „Аркус“, лоцирана во местото Горна Ораховица.
По овие тврдења, бугарското обвинителство соопшти дека ќе биде започната истрага.
Раководството на компанијата „Aркус“ исто така ги негира тврдењата за оружјето, а детални информации ќе бидат објавени по Нова година.