Almir Terzic
29 Декември 2016•Ажурирај: 30 Декември 2016
САРАЕВО (AA) - Алмир Терзиќ -
Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина Игор Црнадак во интервју за Anadolu Agency (AA) рече дека во наредната година најмногу ќе биде фокусиран наона што е главен надворешнополитичка, стратешка цел за Босна и Херцеговина и нешто што сите поддржуваат и Република Српска и Федерација БиХ, односно и Србите и Хрватите и Бошњаците во институциите на сите нивоа, а тоа е пат кон Европската Унија.
Црнадак говореше и за важниот чин за БиХ, Прашалникот на Европската комисија кој е доставен на почетокот на декември, како еден позитивен чекор за БиХ. Во согласност со тоа министерот за надворешни работи на БиХ зборуваше и за тоа дека ќе се активира околу тоа прашање со останатите институции, да 2017 година биде подобра во смисла на европските интеграции за БиХ и кога оваа држава би можела да очекува статус на кандидат во Европската унија.
Искрено се надевам дека кандидатскиот статус ќе го добиеме до крајот на 2017 година. Но, тоа пред се зависи од општите односи. Бидејќи, самиот Прашалник може да донесе проблеми на некое потполно едноставно прашање, а може да се случи доколку има компромиси, договори и оние најтешки работи да поминат добро, односно околу најтешките работи да се постигне договор. Така да ќе видиме, јас мислам дека наредните недели и месеци се пресудни", рече Црнадак.
- Односите на релација БиХ-Србија и Хрватска мора да бидат многу подобри -
Со оглед дека најновите информации од неодамнешниот состанок па претседавачот на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ во Белград, по чие одржување најави доаѓање на претседателот на Србија Томислав Николиќ во Сараево, Црнадак се осврна и на важноста претседателот на Србија да додје во главниот град на БиХ.
„Тоа е исклучително важно и веста која ја слушнавме од од претседавачот на Претседателството на БиХ Младен Иваниќ е многу добра вест, која ме израдува и искрено се надевам дека нема нешто да се случи во меѓувреме што би могло да ги компликува работите и евентуално да ја оневозможи оваа посета. Мислам дека претседателот на Србија Томислав Николиќ требаше да дојде и порано, но сите ние знаеме што се случуваше. Јас не сакам да се враќам на тоа. Мојата порака како министер за надворешни работи е потполно јасна- регионалната соработка е можеби дури и суштинска за иднината на овој регион и поважна од европскиот пат и во таа смисла исклучително е важно искрено се надевам и искрено се радувам на оваа посета. Мислам дека треба да дојдеме, се надевам што побрзо, во фаза кога таквите посети нема да бидат спектакуларна вест. Мислам дека во тој триаголник Србија-БиХ- Хрватска треба да имаме многу подобри односи и што се однесува до мене и МНР на Босна и Херцеговина не на тоа интензивно ќе работиме", порача Црнадак.
- Немаме соговорник на Косово -
Црнадак зборуваше и за тоа дали граѓаните на БиХ во 2017 ќе одат без визи на Косово.
„Тоа верувајте не зависи од нас. Она што ние го посакуваме е да имеме еден поедноставен процес на добивање на визи, да овозможиме луѓето полесно да се движат. Меѓутоа, јас повторувам уште еднаш- ние моментално немаме соговорник, ние повеќе пати ги инициравме тие разговори преку Европската комисија, бидејќи ние немаме директни дипломатски односи. Предлагавме дури тоа да биде на територијата на Црна Гора, состанок на експерти. Јас искрено се надевам дека ќе дојде до тоа да направиме некој договор и да го поедноставиме тоа за да луѓето полесно се движат, веднаш ќе донесе добри ефекти на деловната соработка и секој вид соработка помеѓу Косово и БиХ", нагласи Црнадак.
Министрите за надворешни работи на Западен Балкан се спротиставија на наметнувањето на одлуката на Европската комисија за наплатата на таксите за заминување во земјите на ЕУ. Министерот за надворешни работи на БИХ говореше и за тоа дали бил во контакт со некој од Брисел или со колегите и дали тоа ќе стапи на сила на 1 јануари наредната година и што ќе се случува во 2017 година кога е тоа во прашање.
„Јас сеуште не знам кој е конечниот став на ЕУ околу тоа кога тоа ќе стапи на сила. Ние не можеме да влијаеме на тоа. Немаме никаков механизам, никаква подлога за влијането на било која одлука на институциите на ЕУ, но она што можеме е што направивме сите ние кои сме на патот на европските интеграции на Балканот јасно да кажеме дека сметаме дека тоа е погрешно. Тоа е што се однесува до нас. Постојат многу други земји на кои тоа ќе може потполно да се примени. Ние сметаме дека што се однесува до нас тоа не треба да биде така бидејќи ќе има еден антиевропски ефект во нашите земји, ќе создаде многу практични проблеми, посебно тој вид он-лајн регистрирање за секое лице кое сака да оди во ЕУ. Трета работа, сметаме дека сме во некои тешки ситуации, како што е мигрантската криз, заедничките борби против тероризмот покажавме да имаме институции на кои може да им се верува и токму тоа треба да се уважи тоа што ние многу брзо заедно со нив во ЕУ, кога велам многу бргу, се работи историски гледано за краток период од пет-десет години и дека поради тоа не би требало да се применува на нас", порача во интервјуто за АА Игор Црнадак, министерот за надворешни работи на БиХ.