Furkan Abdula
04 Февруари 2020•Ажурирај: 04 Февруари 2020
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Северна Македонија, Оливер Спасовски, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, упатија честитики по повод изборот на новата Влада во Косово, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Премиерот Спасовски на својот твитер-профил, на македонски, албански и англиски јазик упати честитики до неговиот нов колега, Албин Курти.
„Честитки за премиерот Албин Курти за изборот на новата Влада. Се надевам дека во следниот период ќе продолжиме да градиме блиска соработка во интерес на граѓаните на Косово и Северна Македонија“, напиша Спасовски.
Министерот Димитров, на социјалната мрежа Твитер нагласи дека изборот на новата Влада во Косово е важен ден за пријателската и соседна земја Косово, како и за регионот
„Честитики и со нетрпение очекувам да работам со мојот нов колега, Глаук Конјуфца, и Владата на Албин Курти кон зголемување на билатералните односи и нудење подобра перспектива за нашиот реигон. Честитки, добар соседу“, додаде Димитров.
Пратениците на Собранието на Косово синоќа ја изгласаа новата Влада на Косово на чело со премиерот Албин Куртин, лидерот на Движењето „Самоопределување".