Andelija Stojkovic
29 Ноември 2020•Ажурирај: 30 Ноември 2020
БЕЛГРАД
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека на состанокот со претседателот на Србија Александар Вучиќ е договорено Србија унилатерално да ја повлече одлуката за протерувањето на амбасадорот на Црна Гора Тарзан Милошевиќ од Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Брнабиќ по состанокот со претседателот на Србија Александар Вучиќ и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ, во изјава за медиумите укажа дека Србија вчера донела одлука амбасадорот на Црна Гора во Србија да го прогласи за персона нон грата и побарала амбасадорот во рок од 72 часа да ја напушти Србија , поради тоа што амбасадорот на Србија во Црна Гора е прогласен за персона нон грата.
Таа рече дека претседателот Вучиќ кажал дека ја разбира одлуката, бидејќи таа е во согласност со сите дипломатски протоколи и дека Србија возвратила со реципрочни мерки на протерувањето на нејзиниот амбасадор и дека Вучиќ рекол дека конвенциите се важни, но дека животот е ште поважен и дека пријателството со Црна Гора е важно.
Брнабиќ додаде дека разговарале и со претставниците на Србите во Црна Гора. Истакна дека кога постои несогласување во изјавите кои ги даде амбасадорот на Србија во Црна Гора може да биде повод за протестна нота, но не и протерување на амбасадор.
„Делува како да во Подгорица само нешто се очекувало да се случи за да се појави причина да го отстранат нашиот амбасадор и за додатни непријателства или непријателски акт. Ние не сакаме да имаме непријателски акт кон Црна Гора", рече Брнабиќ.
Таа изјави дека жали што во Црна Гора се почесто се прикрива историскиот факт и се говори дека Србија била окупатор во Првата светска војна.
„Но сметаме дека мораме да се обидеме да му дадеме шанса на партнерството, пријателството и соработката", порача Брнабиќ.
Таа изрази надеж дека оваа одлука на Србија ќе се протолкува како акт на добра волја и дека Србија и Црна Гора ќе негуваат се подобри односи.