Средба Вучиќ-Дендиас: Стратешкото партнерство меѓу Србија и Грција важно за зачување на стабилноста и мирот во регионот
„Се заблагодарив на министерот Дендиас за поддршката што Грција ја дава на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и на дијалогот, за почитувањето на меѓународното право, зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот...“
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград се состана со министерот за национална одбрана на Република Грција, Николаос Дендиас, јавува Анадолу.
Вучиќ на социјалните мрежи истакна дека со Дендиас разговарале за сите теми од заеднички интерес во областа на одбраната и безбедноста, за унапредување на воената соработка и соработката во рамките на мировните мисии, како и за политичко-безбедносната ситуација во регионот.
„Ја истакнав важноста на долгогодишното пријателство и стратешкото партнерство меѓу Србија и Грција и континуираната соработка со цел зачувување на стабилноста и мирот во регионот. Му се заблагодарив на министерот Дендиас за поддршката што Грција ја дава на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и на дијалогот, за почитувањето на меѓународното право, зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот и заложувањето за напредокот на Србија на патот кон евроинтеграциите“, рече Вучиќ.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.