Ekip
08 Март 2017•Ажурирај: 08 Март 2017
АНКАРА (АА) - Со години членовите на терористичката организација на ФЕТО во земјите во кои се наоѓаат ги искористуваат верските чувства кај народот за да ги зацврстат своите позици. На тој начин, делејќи го народот на Косово на различни групи, според материјалното богатство, извлекувале големи суми материјални средства собирајќи пари за курбан, зекат (дарување одреден дел од богатството), фитр (средства што се даруваат за сиромашните за време на Рамазан) и средства за помош.
Според податоците на АА, на почетокот од 2000 година ФЕТО започнува со своите активности во Косово, преку образовни институции. Со помош на една фондација, организацијата управува со градинки, основни училишта и средни училишта во Призрен, Ѓаковица, Липљан и во главниот град Приштина. Во рамките на овие училишта често се среќаваат и интернати за девојчина и момчиња. Покрај тоа, во земјата постојат и голем број фирми што се блиски до ФЕТО.
ФЕТО го изврши крвавиот обид за државен удар во Турција на 15. јули минатата година, а истите начини на инфилтрација ги применува и во останатите земји. Од самото основање и преземање активности во Косово, организацијата започна да ги искористува верските чувства на народот и од тоа да создава материјална корист за себе.
Членовите на ФЕТО во почетокот се обидувале преку некои верски елементи да создадат материјална придобивка за себе, при што народот во Косово го поделиле на групи според позицијата и материјалното богатство, организирајќи им „домашни разговори“.
Членовите на оваа терористичка организација го поделиле народот на групи на „учители“, „самовработени“, „сопственици на мали претпријатија“ и „бизнисмени“, и со нив организирале разговори. Во домовите во кои биле организирани овие разговори, од учесниците на разговорите биле барани средства за курбан, зекат, фитре и химмет.
Членовите на организацијата ги убедувале учесниците за време на разговорите дека тие се должни да донираат средства. Организацијата направила листа според финансиската состојба на соговорниците, според која од граѓаните секој месец се обидувале да собираат средства за помош – химмет.
- Забрана за шамија
Иако училиштата блиски до ФЕТО се претставуваат како блиски до верата, сепак во нив не е дозволено жените и девојките да носат шамии, иако во некои земји нема таква забрана во образованието. Тоа е особено изразено во средните училишта, бидејќи и покрај барањата на родителите нивните ќерки да го продолжат образованието со шамија, раководствата на училиштата одговориле негативно. Ученичките што сакале да се школуваат носејќи шамија, или не биле запишани или биле исфрлени од училиштата.
Од друга страна, за да немаат проблеми во Косово, членовите на ФЕТО спроведувале најразлични методи. На пример, децата на високите политички функционери и бирократи од Косово биле запишувани во училиштата под контрола на ФЕТО со стипендија или за мал материјален надоместок. На тој начин успевале да опстанат без проблеми, и покрај ревизиите што во одредени интервали биле извршувани во државата.
По обидот за државен удар на 15. јули во Турција, особено семејствата од турското говорно подрачје кои се наклонети кон турската држава, ги повлекоа децата од училиштата на ФЕТО, бојкотирајќи го нивното работење. Се очекува Косово да започне да презема чекори за запирање на сите активности на ФЕТО во земјата.
Амбасадата на Турција во Косово и останатите турски институции се обидуваат на народот и на официјалните претставници во државата да им ја претстават вистината за организацијата ФЕТО, која во Турција се обиде да изврши државен удар, и исто така бараат колку што е можно побрзо државата да прејде во акција и да ги запре активностите и постоењето на оваа организација во земјата.