Fatjon Cuka
12 Април 2018•Ажурирај: 12 Април 2018
ТИРАНА (АА) - На парламентарната седница во Собранието на Албанија настанаа тензии откако пратениците на опозициските партии ја блокираа говорницата. Опозициските пратеници фрлаа брашно и други нешта кон премиерот на Албанија, Еди Рама, јавува Anadolu Agency (AA).
Пратениците на Демократската партја на Албанија со транспаренти во рацете на седницата побараа ослободување на лицата кои беа приведени поради протестот против тарифите за премин на возилата на „Народна улица“, на кои судот им изрече мерка притвор.
Седницата беше неколкупати прекината, додека пратениците на Демократската партија на Албанија, Фламур Нока и Ервин Салианји, беа отстранети од седницата.
Исто така, пратениците на партијата Социјалистичкото движење за интеграција се вклучија во овој протест.