Fatjon Cuka
26 Ноември 2019•Ажурирај: 27 Ноември 2019
ДРАЧ (АА) - Турција обезбеди помош за Албанија за справувањето со штетите предизвикани од земјотресот што денес ја погоди земјата, јавува Агенција Анадолија (AA).
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) дистрибуираше помош во храна и ќебиња за стотици семејства погодени од земјотресот во административната единица Туман во Драч.
За време на доставувањето на помошта присуствуваа координаторот на ТИКА во Тирана, Нечип Озај Озуток, како и жителите погодени од земјотресот на кои им беше пружена помош.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, присутен во Туман во моментот на дистрибуирањето на помошта, изрази благодарност до ТИКА за укажаната помош. Во меѓувреме, Рама ги посети семејствата сместени во шаторите поставени од албанските власти во Туман.
Во првата фаза од помошта на ТИКА, беа дистрибуирани 500 пакувања со прехрамбени производи вклучувајќи ориз, масло за готвење, грав, шеќер, тестенини, брашно и други производи, како и 500 ќебиња.
Во меѓувреме, според информациите од ТИКА, утре ќе се дистрибуираат 1.500 ќебиња и исто толку пакувања со прехрамбени производи за семејствата погодени од земјотресот.
ТИКА и другите турски институции исто така нудеше помош во други итни случаи во последниве години.
Албанија беше погодена од два силни земјотреси, со епицентар во Драч во 3:55 часот со јачина од 6,3 степени на длабочина од 10 километри и подоцна со јачина од 5 степени кај ’Ртот Родон.
Бројот на жртвите од земјотресот што ја погоди Албанија денес, според институциите на земјата, достигна 20, повеќе од 600 лица се повредени, а 41 се спасени.