Mehmet Yılmaz
31 Јули 2020•Ажурирај: 31 Јули 2020
БУДИМПЕШТА
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Унгарија, Петер Сијарто, истакна дека Европската унија (ЕУ) треба да ја отвори и последната фаза во врска со членството на Црна Гора во ЕУ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На социјалната мержа Фејсбук Сијарто објави соопштение во врска со телефонскиот разговор кој изврши со Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека неговата земја дава поддршка во насока земјите од Западен Балкан веднаш да станат членки на ЕУ.
Според него, тоа е важно за ЕУ од економски, стратешки и безбедносен аспект.
„ЕУ треба да ја отвори последната фаза во врска со членството на Црна Гора. Бидејќи Црна Гора го залусжува тоа. Се надевам дека во 2025 година ЕУ ќе се прошири со нови членки“, додаде Сијарто.