Oktaj Omeragikj
08 Август 2025•Ажурирај: 09 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Уставниот суд на Косово денес донесе одлука во која се наведува дека претседавачот со седниците на Собранието, Авни Дехари, не постапил врз основа на претходната одлука на судот од 26 јуни и дека сите седници одржани од 27 јуни до 6 јули се прогласени за неважечки, известува Анадолу.
Уставниот суд на Косово му наложи на Дехари да ја продолжи конститутивната седница со точка 3 од дневниот ред и да го покани претставникот на најголемата парламентарна група да предложи кандидат за претседател на косовското Собрание, кој се избира со јавно гласање.
Гласањето за ист кандидат може да се спроведе најмногу три пати, се вели во соопштението на Уставниот суд.
Уставниот суд на Косово утврдил дека претседателот „не постапил во согласност со одлуката на Уставниот суд на Косово и дека последователно на тоа, неговите постапки се несоодветни со став 1 од член 116 од Законот за правно дејствие на одлуките“.