Besar Ademi
31 Декември 2016•Ажурирај: 01 Јануари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Секојдневните известувања на Anadolu Agency (АА) од Македонија, Албанија, Косово и од другите земји во регионот, како што се Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора и Словенија, околу најважните настани на годината што ја оставаме зад нас се извонредни моменти забележани низ објективот на фоторепортерите на АА.
Дел од главните настани се бегалската криза, протестите и контрапротестите во Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, како и фотографиите од поддршката на балканските земји за Турција по неуспешниот обид за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО.
За време на патувањето низ пределите на Источна Европа, фотографите на АА ја регистрираа и неизбежната традиција на прославите и верските објекти, џамиите и црквите, кои зборуваат за разновидноста на народите од овој регион.