Admir Fazlagic
29 Април 2017•Ажурирај: 30 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Заменик помошникот државен секретар на американскиот Стејт департментот за Евопа, Хојт Брајан Ли ќе пристигне во дводневна посета на Скопје, каде што ќе се сретне со политичките лидери во земјава, потврдија за Anadolu Agency (AA) од амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје.
Претходно е најавено дека Ји, во Македонија ќе оствари средби со политичките лидери со кои ќе разговара за статусот на формирањето на влада, за билатералните односи и за потребните реформи во процесот на евроатлантските интеграции на земјата. Американскиот Стејт департмент минатата недела изрази загриженоста за состојбата во Македонија и побара фомирање влада без одлагање со цел земјата да продолжи со реформите на патот кон евроатлантските интеграции.
Иако првично и од двете страни беше кажано дека средба нема да има, сепак најавено дека ќе има средба Ји-Иванов.
Заменик помошникот државен секретар на Стејт департментот за Европа ќе се сретне со претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, потврдија за АА од неговиот кабинет.
Како што соопштија од кабинетот на претседателот на Република Македонија вчера, претходно планираните обврски од агендата на претседателот Иванов се откажани, поради новонастанатата состојба. Бидејќи претседателот Иванов сега е во Скопје, се отвори можност да се оствари средба помеѓу Хојт ји и Иванов.