Mustafa Melih Ahıshalı
25 Јануари 2016•Ажурирај: 26 Јануари 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот претседател Хасан Рухани денес отпатува на турнеја низ Европа која и самиот ја нарече "историска", а за време на која ќе има официјална посета на Италија и Франција, пренесува Anadolu Agency (АА).
Иранската новинска агенција ИРНА објави дека претседателот Рухани пред заминување изјавил дека овие официјални посети на Италија и Франција ја покажуват решителноста на Иран да ја интензивираат соработката со европските земји со кои во минатото имаше добри односи.
"Ова патување е од исклучително значење во однос на моментот во кој се наоѓаме, по укинувањето на меѓународните санкции против Иран. Со колегите од Италија и Франција работевме на две нацрт, краткорочни и долгорочни соработки", рече Рухани.
Рухани најави дека за време на неговата посета на Рим ќе се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско. Европската турнеа на Рухани ќе трае четири дена, а ова е негова прва посета на Европа како претседател на Иран.
Посетите на Италија и Франција, првично биле планирани за во ноември минатата година, но беа откажани поради терористичките напади што се случија во Париз на 13-ти ноември.