Stipe Majic
01 Февруари 2021•Ажурирај: 02 Февруари 2021
ЗАГРЕБ (АА) - Хрватскиот политичар, пратеник и научник, син на првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман, Мирослав Туѓман, почина синоќа на 75-годишна возраст, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мирослав Туѓман почина на Клиниката за инфективни болести „Др. Фран Михајлевиќ“, по долга борба од коронавирусот.
За време, и по хрватската војна за независност, тој имаше одговорни позиции како директор на хрватската разузнавачка служба, беше член на Советот за одбрана и национална безбедност на претседателот на Републиката и заменик-шеф на канцеларијата за национална безбедност.
Како дипломиран филозоф и социолог и доктор по информатички науки, предавал на бројни институции, од Филозофскиот факултет во Загреб и Мостар, преку Военото училиште до Дипломатската и разузнавачка академија. Автор е на повеќе од 200 научни статии, организатор на многу стручни конференции и раководител на голем број истражувачки проекти.
Сочуство до семејството изразија највисоките државни службеници.