Bojana Stojanovic
28 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Март 2021
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа во Хрватска се детектирани 356 новозаразени со коронавирусот, а во истиот период се регистрирани 15 смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во моментов во Хрватска се активни 3.213 случаи на зараза со коронавирусот. Од нив 762 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, а на респиратор се поврзани 67 заразени.
Животот го загубија 15 лица заразени со Ковид-19.
Досега, во Хрватска се детектирани 242.973 лица позитивни на коронавирусот, од кои животот го загубија 5.526 заразени.
Вкупната бројка на оздравени лица изнесува 234.234, од кои 344 во последните 24 часа.
Моментално во самоизолација се наоѓаат 14.328 лица.
Во Хрватска досега се тестирани 1.344.652 лица, од кои 5.810 во последните 24 часа.