Gorana Jakovljevic
07 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
ЗАГРЕБ
Во последните 24 часа во Република Хрватска регистрирани се 4.159 нови случаи на зараза со вирусот „САРС-коВ-2“, а како последица на Ковид-19 починаа 50 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на активни случаи во Хрватска денес изнесува 32.000, а од нив 1.848 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор се 248.
Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, до денес вкупно се забележани 501.327 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 9.500 починале. Вкупно закрепнале 459.827 лица од кои 3.798 во последните 24 часа.
Во самоизолација се моментално 26.615 лица. До денес вкупно се тестирани 3.180.957 лица, од кои 9.776 во последните 24 часа.
Заклучно со 6 ноември потрошени се 3.690.148 дози вакцини, а вакцинирани се 48,02 проценти од вкупното население, односно 57,46 проценти возрасно население. На 6 ноември потрошени се 14.259 дози вакцини, а 9.672 лица се вакцинирале со прва доза.