Stipe Majic
21 Декември 2020•Ажурирај: 22 Декември 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Центарот за цивилна заштита на Република Хрватска денес извести дека во последните 24 часа се забележани 766 нови случаи на Ковид-19 и 80 починати од овој вирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на активни случаи во Хрватска денес e вкупно 16.105. Меѓу нив се 2.956 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратор се 294 пациенти. Од последиците на Ковид-19 во последните 24 часа починаа 80 лица.
Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на вирусот во Хрватска, досега се регистрирани 195.728 лица заразени со новиот тип коронавирус, од кои 3.257 починаа.
Оздравеа вкупно 176.366 заразени, од кои 3.208 во последните 24 часа. Во самоизолација во моментов се наоѓаат 50.799 заразени.
Досега во Хрватска се тестирани 955.225 лица, од кои 4.614 во последните 24 часа.