Gorana Jakovljevic
26 Декември 2020•Ажурирај: 27 Декември 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во Република Хрватска во последните 24 часа регистрирани се 350 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи е 11.644, објави денес хрватскиот Штаб за цивилна заштита, јавува Агенција Анадолија (AA).
„Меѓу нив 2.664 пациенти се на болничко лекување, од кои 271 се на репиратори“, наведува во Центарот за цивилна заштита.
Во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починаа 65 лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, регистрирани се вкупно 204.312 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 3.613 починаа, вкупно 189.055 се излекувани, од кои 2.522 во последните 24 часа.
Во самоизолација моментално се 39.786 лица. До денес се тестирани вкупно 990.665 лица, од кои 1.651 во последните 24 часа.