Dzihat Aliju
20 Мај 2026•Ажурирај: 20 Мај 2026
Царинската управа на Северна Македонија заплени 500.000 евра на Граничниот премин Табановце, јавува Анадолу.
Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, кажа дека е спречен обид за нелегален пренос на готовина.
Николовски информираше дека парите се пронајдени во специјално конструиран бункер во минибус, спакувани во ќеси.
Според директорот, запленетите пари ќе се влеат во државниот буџет, а цариниците кои ги запленија еврата ќе бидат наградени со по 10.000 денари.
„Девизите и возилото се трајно одземени, а сторителот, државјанин на Албанија, со иницијали Џ. Г., кој управувал со минибусот, е соодветно гонет, за што веќе е изречена судска пресуда од Основниот суд во Куманово“, рече Николовски, додавајќи дека ова е најголема заплена досега во историјата на Царинската управа на Северна Македонија.