Samir Kajoševic
28 Ноември 2020•Ажурирај: 29 Ноември 2020
ПОДГОРИЦА
Министерството за надворешни работи на Црна Гора го прогласи амбасадорот на Србија во Црна Гора Владимир Божовиќ за персона нон грата и побара да ја напушти Црна Гора, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Министерството истакнаа дека Божовиќ континуирано се меша во внатрешните работи на Црна Гора, наведувајќи дека неговото однесување и изјавите се неспоиви со вообичаените и прифатливите стандарди на извршување на дипломатската функција.
„По повеќе усни и пишани предупредувања на неприфатливост на ваквото однесување, вчера амбасадорот Божовиќ нелегалното и нелегитимното Подгоричко собрание од 1918 година го нарече ослободување и слободна волја на црногорскиот народ", се наведува во соопштението.
Од тој владин ресор истакнаа дека Божовиќ со тоа на најдиректен начин ја омаловажи државата која му даде дипломатско гостопримство. Се наведува дека министерството за тоа со протестна нота го известило Министерството за надворешни работи на Србија.
Божовиќ кон почетокот на месецот беше повикан на разговор во министерството откако и покрај противењето на јавноста, планираше во Будва да положи венец пред спомен-плочата на која пишува дека српската војска го ослободила тој град во 1918 година.