Samir Kajoševic
22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора е прогласена епидемија на коронавирусот (Ковид-19) на територијата на цела држава, јавува Агенција Анадолија (АА)
Националното координативно тело за заразни болести донесе одлука со која од денес на цела територија на државата е задолжително носењето на заштитни маски. Во Црна Гора во моментот има вкупно 1.920 активни случаи на заразување.
„На цела територија на Црна Гора ќе биде задолжително носењето заштитни маски на отворено и затворено, вклучувајќи ги и децата постари од седум години. Маските не мораат да се носат на плажи и во национални паркови под услов на придржување на физичка дистанца“, се наведува во одлуката.
Националното координативно тело воведе повеќе нови привремени мерки чија цел е понатамошно спречувањето на ширењето на вирусот, додека истовремено се ублажени мерките во одредени општини во кои е намален епидемиолошкиот ризик.
Собирањето на луѓето е ограничено на целата државна територија на максимално 40 лица на отворени јавни места, а на 20 лица на затворени, со задолжително почитување на физичка дистанца од најмалку два метри.
„Поради екстремно високиот епидемиолошки ризик од одредени собири, продолжена е забраната за дискотеки и ноќните клубови, како и забраната за организирање на свадби, матурски, родендени и други приватни прослави. Мерките се проширени за забрана на забавни и музички програми во рестораните", се истакнува во одлуката.