Samir Kajoševic
09 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
ПОДГОРИЦА
Во Црна Гора се регистрирани 59 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Институтот за јавно здравје на Црна Гора соопштија дека се анализирани 565 примероци од кои 59 се биле позитивни на Ковид-19.
„Меѓу позитивните беше и примерок на лице кое во текот на вчерашниот ден почина и кај кое се сомневаше дека смртниот исход настанал како последица на новиот коронавирус. Исто така, пријавена е смрт кај уште едно лице кое е лекувано во Беране. Починатите лица се од Гусиње и Рожаје. Вкупната бројка на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни од ковид-19 изнесува 10", соопштија од Институтот.
Во Црна Гора од почетокот на јуни се регистрирани вкупно 695 случаи на коронавирусот.