Kemal Zorlak
30 Март 2018•Ажурирај: 31 Март 2018
САРАЕВО (АА) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим, кој престојува во првата официјална посета на БиХ, денес во Сараево изјави дека добрите односи на неговата земја со Русија треба да се гледаат како предност за БиХ, и дека овие односи позитивно ќе се одразат на целиот регион на Балканот, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим кој вчера допатува во главниот град на БиХ, денес во Сараево одговараше на прашањата на новинарите.
На прашањето во врска со проектот за автопатот кој ќе ги спојува Белград и Сараево, Јилдирим потсети на состанокот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и српскиот претседател Александар Вучиќ и претседавачот на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ во Истанбул, кој беше одржан кон крајот на јануари оваа година.
Тој повтори дека турскиот претседател кон средината на оваа година ќе ја посети БиХ, кога ќе бидат познати повеќе детали за овој проект, односно колку ќе чини, на кој начин ќе биде реализиран и како ќе бидат обезбедени средствата за изградба.
Сепак, Јилдирим изјави дека би било неправедно оваа посета да се става само во рамките на проектот за автопатот Белград - Сараево. Според неговите зборови, тоа е само еден од проектите кој ќе ја зајакне соработката со Турција.
Кога станува збор за трговските односи на Бих и Турција, Јилдирим изјави дека следат растечкиот пат.
„Оваа година за прв пат увозот од Босна го зголеми нашиот извоз во оваа земја. Во наредниот период ќе работиме на зајакнување на нашите трговски односи“, рече Јилдирим.
Јилдирим уште еднаш ја потврди поддршката на неговата земја на БиХ на патот кон членство во НАТО. На новинарско прашање за руското влијание врз БиХ и дали може да се очекува активирање на МАП (Акциониот план за членство) наскоро, Јилдирим рече:
„Русија вели дека активирањето на МАП во БиХ преку Србија би можело да го отвори патот на нестабилност и можно е поради тоа да се одолговлекува полноправното членство во НАТО. Но ја гледаме желбата на државата и на народот на БиХ за влез во НАТО, поради тоа ќе продолжиме да пружаме поддршка на БиХ“, рече Јилдирим.
- Односите на Турција и Русија предност за БиХ и целиот регион -
Во врска со односите на Турција со Русија и Соединетите Американски Држави во контекст на случувањата во Сирија, Јилдирим потсети на последните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави повлекување на американската војска од Сирија.
„Ние разбираме дека со тоа е биде запрена поддршката за терористички организации. Турција и САД веќе подолго време се сојузници во НАТО, имаме соработка во различни области. САД не треба да бидат земја која прави избор помеѓу Турција и терористичките организации и ние сметаме дека таа тоа и не е“, рече Јилдирим.
Кога станува збор за односите со Русија, Јилдирим нагласи дека нема ништо поприродно од добрите односи на Русија и Турција.
„Нашите односи со Русија треба да се сметаат како предност во контекст на БиХ, но и земјите од целиот Балкан. Добрите односи со Русија позитивно ќе се одразат и на регионот. Во контекст на БиХ, нашите добри односи со Русија ќе бидат повод за подобрување на можностите во оваа земја“, изјави Јилдирим, нагласувајќи дека добрите односи не мора да значат лоши односи со САД, бидејќи, како изјави тој, сите односи имаат свои димензии.
„Она што ние го сакаме се одржлив мир и стабилност на Балканот, Блискот исток и другите региони“, нагласи турскиот премиер Јилдирим.
- ФЕТО ги злоупотребува исламските вредности -
На крајот од разговорот со новинарите Јилдирим се осврна и на опасноста од терористичката организција ФЕТО, која стои зад обидот за пуч во Турција во јули 2016 година.
Јилдирим истакна дека ФЕТО е терористичката организација која дејствува во 160 земји на светот, вклучувајќи ги земјите на Балканот. Според зборовите на Јилдирим, многу е важно припадниците на оваа организација да не се сметаат за безопасни.
„Умовите со кои тие се користат, не се нивни умови. Тие своите умови ги продадоа. Тие всушност дејствуваат како разузнавачки служби на одредени империјалистички сили. Терористичките организации како ПКК вршат терористички активности на начин на кој отворено го покажуваат непријателството кон исламот, додека случајот на ФЕТО е тие да дејствуваат на еден скриен начин. А тоа го прават така што ги користат исламските вредности. Се инфилтрираат меѓу вас, живеат со вас, на ист начин како и вие, но со нивните глави управуваат други“, изјави Јилдирим.
Јилдирим предупреди дека БиХ, мора да биде внимателна со ФЕТО и да обрати внимание на тоа како оваа терористичка организација дејствува и како се финансира.