Fuat Kabakçı
13 Март 2017•Ажурирај: 14 Март 2017
ПЕКИНГ (АА) - Американската компанија „Боинг“ ја отвора првата фабрика во Кина за монтирање на авионите „боинг 737“.
Кинеската новинска агенција Синхуа јавува дека „Боинг“, во соработка со кинеската компанија „COMAC“, кон крајот на овој месец ќе започне да гради фабрика за монтирање на авиони во градот Џушан, во источна Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тоа ќе биде првата фабрика што Боинг ја отвора во странство, а првиот авион од таа фабрика на пазарот би требало да се појави во наредната година.
Во просек, фабриката ќе составува 100 авиони „боинг 737“ на годишно ниво.