Furkan Abdula
03 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, се состана со претседателот на Здружението на независни индустријалци и бизнисмени (МУСИАД) Балкан, Билал Кара, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на МУСИАД, премиерот Заев денес во Владата на Република Македонија одржа средба со претседателот на МУСИАД Балкан Билал Кара. Во соопштението се наведува дека премиерот Заев се осврнал на активностите на МУСИАД Балкан истакнувајќи дека Влада која тој ја предводи ги следи нивните активности и е подготвена да даде секаков вид поддршка.
Како што се соопштува, Заев ги поздравил напорите за зголемување на обемот на надровершната политика и за зголемување на бројот на инвестициите на турските компании во земјата. Тој истакна дека постои цел да се зголеми обемот на трговијата меѓу Турција и Македонија кој изнесува 400 милиони евра.
Исто така, според ова соопштение, Заев рече дека владата работи на подобрување на бизнис климата и во таа насока презема мерки како што се намалување на даноците за странсите инвеститори и постојана дозвола за престој. Меѓу другото, Заев порачал дека Владата на Република Македонија е решителна во наредниот период да направи повеќе реформи во областа на економијата.
Од друга страна, претседателот на МУСИАД Балкан, Билал Кара, за време на средбата се осврна на реализираните активности за давање придонес во економиите на земјите, како и зголемување на нивото на благосостојба меѓу народите во регионот.
Според соопштеното, Кара истакна дека економската стабилност на Македонија е значајна за стабилноста на регионот, и затоа, како што рече тој, МУСИАД Балкан претставува мост меѓу економијата на земјата и инвестициите за кои се заинтересирани бизнисмените членови на МУСИАД.
Исто така се истакнува дека, Кара порачал дека во новиот период МУСИАД под водство на претседателот, Абдурахман Каан, ќе реализира голем број активности на меѓународната економска сцена. Тој додаде дека земјите од Балканот ќе бидат вклчуени во планот на овие активности.