Abdulselam Durdak
27 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ
Во врска со очекувањата за производството на моделите „пасат“ и „суперб“ во фабриката на „Волксваген“ (Volkswagen) во Турција, генералниот директор на „Јуџе Aвто Шкода“, Зафер Башар, изјави: „И „пасат“ и „суперб“ во класата „седан“ се најпродаваните модели во Европа. Затоа сметаме дека би било добро натпреварување кога би се произведувале и во Турција... Тие ќе ги постават своите барања, а ние нашите“, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералниот директор на „Јуџе Aвто Шкода“, Зафер Башар, за АА зборуваше за инвестицијата на „Волксваген“ во Турција и за моделите „пасат“ и „суперб“, кои „Волксваген“ планира да ги произведува во Турција.
Зафер Башар, инвестицијата на „Волксваген“ во Турција ја оцени како извонредна и го истакна своето уверување дека таа ќе даде голем придонес врз економијата на Турција.
Директорот Зафер рече дека производството на „пасат“ и „суперб“ во Турција со себе ќе ја донесе и конкурентноста, и додаде: „И „пасат“ и „суперб“ во класата „седан“ се најпродаваните модели во Европа. Затоа сметаме дека би било добро натпреварување кога би се произведувале и во Турција... Тие ќе ги постават своите барања, а ние нашите. Но групацијата „Волксваген“ вака гледа на работите: продажбата на еден производ на територијата на која тој се изработува обезбедува голема економска придобивка. Таа придобивка ќе посакаат да ја изведат и во Турција.“
Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ во почетокот на октомври основаше производствена фирма во Маниса, турска област покрај Егејот.
Претпријатието „Volkswagen Turkey Otomotiv Sanayi ve Ticaret A.S.“ е основано со капитал од 943,5 милиони турски лири (164,46 милиони долари).
Оваа компанија во Турција е основана за дизајнирање, производство, склопување, продажба, увоз и извоз на автомобили, камиони и сите видови моторни и транспортни возила, како и нивни делови и компоненти.