Servet Günerigök
24 Ноември 2015•Ажурирај: 24 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Турција го повика рускиот дипломатски претставник во Министерството за надворешни работи поради соборувањето на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор, javuva Anadolu Agency (AA).
Сергеј Панов, московскиот дипломатски претставник во Анкара, беше повикан на состанок со Ахмет Мухтар Гун, според министерството.
Рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, моментално се наоѓа во Истанбул во подготовки за престојната посета на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
Руски воен авион беше соборен од турските F-16, откако повеќепати е предупредуван за навлегување во турскиот воздушен простор над Јајладаги, во покраината Хатај, рано утрово.
Авионот се срушил во северозападна Сирија, близу туркменскиот град Бајирбуџак.
Руски воени авиони, во октомври, два пати го имаат нарушено воздушниот простор на Турција.