Ahmed Asmar
02 Јуни 2025•Ажурирај: 03 Јуни 2025
ДУБАИ / АНКАРА (АА) – Националната авиокомпанија на Обединетите Арапски Емирати, „Емирати“, од следниот месец ќе ги обнови летовите кон Дамаск, главниот град на Сирија, јавува Анадолу.
Во соопштението објавено денес компанијата информира дека првиот лет за Дамаск ќе се реализира на 16 јули.
Првично, авиокомпанијата „Емирати“ ќе оперира со три лета неделно, со план да го зголеми бројот на летови на четири неделно почнувајќи од август.
Компанијата посочи дека одлуката за повторно воспоставување на летовите е донесена по „детална процена спроведена во соработка“ со Генералната дирекција за цивилна авијација на Сирија (GCAA).
Според најавите, од октомври авиокомпанијата ќе воведе и дневни летови на оваа маршрута.
„'Емирати' со задоволство ги обновува летовите до Дамаск и ја поддржува иднината на Сирија преку подобра поврзаност, отворање нови можности за инвестиции и трговија, како и пристап до глобалните пазари“, изјави шеик Ахмед бин Саид, претседател и извршен директор на „Емирати“.
„Емирати“ ги суспендираше летовите кон и од Сирија во 2012 година, по почетокот на сириската револуција против режимот на Башар ал-Асад.
Асад, кој беше на власт речиси 25 години, во декември побегна во Русија, со што заврши долгогодишното владеење на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.
Оттогаш десетици авиокомпании повторно воспоставија летови со Сирија.