Övünç Kutlu
11 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
ЊУЈОРК (АА) - Американските технолошки гиганти „Епл“ (Apple) и „Амазон“ (Amazon), двете највредни компании на светот, последните 4 работни дена, на светскиот пазар загубија околу 100 милијарди долари од својата пазарна вредност, јавува Anadolu Agency (AA).
Врз основа на анализата на податоците од новинарот на АА, компаниите „Епл“ и „Амазон“, кои се застапени на Њујоршката берза, последните 4 работни дена имаат пад од 4 отсто, со што вкупната пазарна вредност на овие две компании е намалена за околу 100 милијарди долари.
Минатиот вторник, акциите на „Епл“ по затворањето на берзата имаа вредност од 228,36 долари од акција, додека на затворањето на берзата синоќа, акциите на овој технолошки гигант паднаа на 218,33 долари. Во овие 4 работни дена, „Епл“ има пад на акциите од 4,4 отсто.
Покрај тоа, пазарната вреднот на „Епл“ од 1,1 трилиони долари, падна на 1,05 трилиони, со што вредноста на компанијата е намалена за 50 милијарди долари.
„Амазон“, гигантот за е-трговија, минатиот вторник денот го затвори со вредност од 2.039,51 долари, додека по вчерашните берзански трансакции, оваа компанија денот го затвори со вредност од 1.939,01 долари, со што во период од 4 работни дена е забележан пад од 4,9 отсто.
Во споменатиот период, пазарната вредност на „Амазон“ од 994,7 милијарди долари падна на 945,7 милијарди, со што компанијата забележа пад на вредноста од 49 милијарди долари.
Според тоа, „Епл“ и „Амазон“, двете највредни компании на светот, последните 4 работни дена на светскиот пазар загубија 99 милијарди долари од својата пазарна вредност.
На 2 август „Епл“ стана првата компанија што успеала да достигне пазарна вредност од 1 трилион долари, додека на компанијата „Амазон“ тоа ѝ успеа минатиот вторник, во попладневните часови.