Emre Gürkan Abay
16 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
ПАРИЗ (АА) - Францускиот орган за конкуренција го казни технолошкиот гигант „Епл“ (Apple) со 1,1 милијарда евра поради кршењето на правилата за конкурентност, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на францускиот орган за конкуренција, наведено е дека „Епл“ склучувал нелегални зделки користејќи своја дистрибутивна мрежа, а ја злоупотребувал и „економската зависност“ на независните дистрибутери.
Како резултат на истрагата, органот за конкуренција го казни „Епл“ со 1,1 милијарда евра. Од друга страна, „Тех дата“ (Tech Data), големопродажната компанија во сопственост на „Епл“, е казнета со 63 милиони евра, а „Инграм микро“, која исто така е сопственост на „Епл“, со 76 милиони евра.
„Епл и двете големопродажни компании се согласија да избегнуваат да си конкурираат едни на други и да ги спречат другите дистрибутерски компании да си конкурираат едни на други. На тој начин, позицијата на производите на „Епл“ на пазарот стана помоќна“, се наведува во соопштението на органот за конкуренција.