Gökhan Ergöçün
09 Април 2025•Ажурирај: 10 Април 2025
3емјите членки на Европската Унија (ЕУ) денес гласаа за трговските контрамерки на Европската комисија против новите американски царини што стапуваат на сила следната недела, јавува Анадолу.
Контрамерките ќе стапат на сила од следниот вторник, се вели во соопштението на Европската комисија.
Се очекува чекорите да влијаат врз широка палета од увозот, како што се мотоцикли, земјоделство и облека во вредност од 21 милијарда евра.
Предлогот на Комисијата беше даден како одговор на американските царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ.
ЕУ смета дека царините се неоправдани и штетни, а ќе предизвикаат економска штета на двете страни, како и на светската економија.
„ЕУ го искажа она што јасно го претпочита, за наоѓање решенија од преговори со САД, кои би биле балансирани и заемно корисни“, се додава во соопштението за медиумите.
Се наведува дека контрамерките може да бидат суспендирани во секое време доколку САД се согласат на фер и балансиран исход од преговорите.