Ata Ufuk Şeker
17 Септември 2021•Ажурирај: 20 Септември 2021
БРИСЕЛ (АА) - Во еврозоната, годишната инфлација достигна 3 проценти во август, што е највисоко ниво во последните 10 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Европскиот завод за статистика (Еуростат) ги соопшти годишните податоци за инфлацијата на Европската Унија (ЕУ) и еврозоната за август.
Според тоа, годишната инфлација во Европската Унија (ЕУ), која во јули изнесуваше 2,5 проценти, во август се искачи на 3,2 проценти.
Од друга страна, годишната инфлација во еврозоната, која беше 2,2 проценти во јули, достигна 3 проценти во август.
Минатата година инфлацијата беше 0,3 проценти во ЕУ, а минус 0,2 проценти во еврозоната во август.
Во август инфлацијата во Полска, Литванија и Естонија изнесуваше 5 проценти, во Унгарија 4,9 проценти и во Белгија, 4,7 проценти.
Инфлацијата во Германија е регистрирана со 3,4 проценти, во Шпанија 3,3 проценти, во Италија 2,5 проценти и во Франција, 2,4 проценти.
На овој начин, инфлацијата во еврозоната се искачи на највисоко ниво измерено од ноември 2011 година.
Зголемувањето на цените на енергијата даде најголем придонес за порастот на инфлацијата.