Ayhan Şimşek
27 Април 2016•Ажурирај: 28 Април 2016
БЕРЛИН (АА) - Стотици авионски летови од шест најголеми аеродроми се откажани поради денешниот еднодневен штрајк на вработените во јавниот сектор, јавува Anadolu Agency (AA).
Унијата на синдикати Верди денес организираше еднодневен предупредувачки штрајк со барање да се исполнат барањата на работниците за зголемување на платите. Повод за штрајкот е утрешната трета рунда преговори помеѓу синдикалците и владата.
Во штрајк стапија вработените во јавниот сектор и пожарникарите на аеродромите во Франкфурт, Минхен, Дизелдорф, Колоња-Бон, Дортмунд-Хановер.
Утрово на најголемиот германски аеродром во Франкфурт беа откажани 392 лета а на аеродромот во Минхен 740.
Компанијата Луфтханза соопшти дека ќе може да реализира само 40 отсто од планираните 1.500 летови во и надвор од Германија.
Штрајкот ќе заврши во попладневните часови, а последни на работните места вечерва на полноќ ќе се вратат јавните службеници на аеродромите во Минхен и Бон.
Синдикатот Верди ги претставува 2,1 милион вработени од германскиот јавен сектор. Синдикалците бараат зголемување на платите за шест отсто, а владата во вториот круг преговори им понуди зголемување на платите за три отсто за следните две години.