Gökhan Ergöçün
19 Август 2026•Ажурирано: 19 Август 2026
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јули се зголеми на 2,9 отсто, од 2,8 отсто во јуни, објави денес Евростат, јавува Анадолу.
Стапката во ЕУ, исто така, се зголеми на 3 отсто, од 2,9 отсто во јуни, покажуваат официјалните податоци.
Во јули 2025 година, годишната стапка на инфлација изнесуваше 2 отсто во еврозоната и 2,4 отсто во ЕУ.
Во јули 2026 година, услугите, енергијата, неенергетските индустриски производи и храната, алкохолот и тутунот имаа позитивен придонес кон годишната стапка на инфлација во еврозоната.
Во споредба со јуни 2026 година, годишната инфлација се намали во 15 земји членки, остана стабилна во три и се зголеми во девет.
Најниските годишни стапки во јули се регистрирани во Шведска (0,3 отсто), Чешка (1,3 отсто), Данска и Унгарија (по 1,6 отсто).
Највисоките годишни стапки се забележани во Романија (8,2 отсто), Литванија (5,4 отсто), Грчкиот Кипар и Бугарија (по 4,4 отсто).