Darren Lyn
11 Септември 2026•Ажурирано: 11 Септември 2026
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа ја затвори републиканската конвенција пред изборите на средината на мандатот во Далас, Тексас, барајќи од присутните да дадат заклетва дека ќе гласаат на ноемвриските избори, јавува Анадолу.
„Се колнам пред најголемиот претседател во историјата на САД... Ќе ги соберам пријателите и семејството и ќе гласаме на 3 ноември или ќе гласаме пред тоа... Не ми е важно дали сум регистриран или не. Ќе се обидам да мамам колку што можам повеќе, како што прават тие“, им рече Трамп на присутните, алудирајќи на тоа дека демократите прават измами за време на изборите.
Откако присутните ја дадоа заклетвата, Трамп додаде уште една изјава што ја раздвижи публиката: „Знаете ли што се случува ако не гласате? Одите во пеколот.“
Трамп, исто така, упати пофалби кон самиот себе, обидувајќи се да ја мотивира својата гласачка база пред претстојните избори.
„За 19 месеци го исполнив секое ветување што го дадов“, рече Трамп. „Ја претворивме онаа мрачна ера на Америка во нејзина златна доба“, мислејќи на процутот на берзата, пониските цени на лековите на рецепт и зголемените воени издвојувања, со кои САД станаа „енергетска и воена суперсила во светот“.
Американскиот претседател, исто така, ги истакна своите политики за имиграција, наведувајќи го речиси целосното елиминирање на илегалните преминувања на границата и се пофали со усвојувањето мерки во Конгресот за нови даночни олеснувања за прекувремена работа, бакшиш и уплати за социјално осигурување.
Историски гледано, партијата на актуелниот претседател губи на изборите на средината на претседателскиот мандат, но Трамп вети дека ќе го смени тој тренд преку задржување на републиканското мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот на САД.
Тој им рече на присутните дека доколку демократите ја вратат власта, тие „ќе ви го конфискуваат богатството... ќе ја уништат нафтената и гасната индустрија во Тексас... (и) ќе ги пуштат на слобода криминалците да ограбуваат, силуваат и убиваат, како што беше случај пред само две години“.
Потпретседателот Џеј Ди Венс го одржа главниот говор на вечерта пред Трамп и ѝ се обрати на публиката, повикувајќи ги републиканците да излезат и да гласаат за да се зачува мнозинството на Републиканската партија во Конгресот.
„Не предавајте ја земјата во рацете на група луди луѓе само затоа што не се согласувате со нас околу некое конкретно политичко прашање“, рече Венс. „Овој ноември мора да пратиме порака дека земјата не им припаѓа на радикалите. Не им припаѓа на бирократите. Не им припаѓа на оние што нудат најмногу пари. Оваа земја ни ја оставија во наследство нашите родители, како и нивните родители пред нив.“
Венс и Трамп не само што ја мобилизираа својата гласачка база за ноемвриските избори на средината од мандатот, туку и за претседателските избори во 2028 година, на кои Венс се смета за очигледен наследник откако Трамп ќе го заврши својот втор мандат во Белата куќа и, поради законските ограничувања, не може да се кандидира за трет мандат.