Bekir Gürdamar
01 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во првата половина од денот, индексот „БИСТ 100“ на Истанбулската берза, со 112.073,51 поен достигна највисока вредност на сите времиња, јавува Anadolu Agency (AA).
Во првата половина од денот, индексот „БИСТ 100“ се зголеми за 1,73 отсто и 1.903,58 поени во споредба со претходното затворање, и со 112.046,18 поени влезе во паузата на континуираните аукциски трансакции.
Реализиран е вкупен обем на трансакциите од 4,4 милијарди турски лири. Индексот на банкарство доби вредност од 2,87 проценти, а индексот на холдинг 1,79 проценти. Меѓу индексите на секторот, најголем пораст имаше банкарскиот сектор, а најголемо опаѓање финансискиот лизинг и факторинг, со 0,66 проценти.
Индексот „БИСТ 100“ достигна највисока вредност на сите времиња и со 112.073,51 поен, и се стабилизира на над 112.000 поени.