İzzet Taskiran
09 Ноември 2018•Ажурирај: 11 Ноември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамки на една операција извршена на аеродромот „Ататурк“ во турскиот град Истанбул, приведена е една патничка од Холандија која носела 5 килограми и 358 грамa кокаин, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите за борба против криминал со наркотици при Полициската дирекција во Истанбул ја следеа 27-годишната патничка Н.M.M. со потекло од Холандија, која на 29 октомври од бразилскиот град Сао Паоло пристигнала во Истанбул.
Осомничената била контролирана во терминалот, а носела кокаин со тежина од 5 килограми и 358 грама завиткан околу нејзиното тело.
Приведената Н.M.M. потоа е изведена пред суд, по што е притворена.