Ivana Ramadanova
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Стопанската комора на Македонија и Либанско-македонскиот совет на бизнисмени од Република Либан денеска организираа Македонско-либански деловни средби, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Стопанската комора на Македонија информираат дека целта на средбите е унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу Македонија и Либан. Според претседавачот на Собранието на Стопанската комора на Македонија, Антони Пешев, ова е одлична можност за подобрување на економската соработка помеѓу овие две земји.
„Она што е важно за нас е тоа што Либан, како земја којашто има исклучително добра позиција на Блискиот Исток и во изминатите години успешно се справува со кризите во регионот, изрази подготвеност да соработува со Македонија. Тоа е одлична можност да поканиме бизнисмени кои имаат многу добра репутација во светот и кои знаат што е трговија и кои во Македонија гледаат потенцијален партнер, не само за пласман на своите средства, туку и за значаен дел на нашите производи кои се интересни за нивниот пазар”, изјави Пешев.
Самер Соуфан, претседател на Либанско-македонскиот совет на бизнисмени, смета дека со потпишувањето на меморандумот за соработка, двете земји ќе имаат можност да работат на развојот и взаемната соработка.
„Можни сектори за соработка е секторот за недвижнини и разни други индустрии. Во моментот имаме компании кои што ги претставуваат овие индустрии и кои се заинтересирани за отпочнување трговија и извоз, и токму затоа сме тука, за да најдеме добри партнери во Македојиа”, рече Соуфан.
На деловните средби македонските компаниии ќе имаат можност да остварат директни контакти со еминентни либански бизнисмени од различни области како што се недвижностите, угостителството и туризмот, алтернативните извори на енергија, производството и извозот на прехранбени производи, земјоделието и друго.