Emrah Güney,Halil İbrahim Başer
26 Декември 2015•Ажурирај: 27 Декември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул, се сретна со премиерот на курдската регионална влада во Ирак, Нечирван Барзани, јавува Anadolu Agency (AA).
Се дознава дека на овој состанок помеѓу Ердоган и Барзани главно се разговарало за борбата против тероризмот, билатералните односи и другите прашања.
Претседателските извори наведуваат дека Ердоган е домаќин на Нечирван Барзани во Палатата "Јилдиз Мабејн", каде што во прилог на гореспоменатите теми размениле мислења за соработката во различни области како што се енергетиката, економијата и трговијата.
Денес Барзани се сретна и со премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, во Истанбул, а средбата траеше околу час и половина.